Алиоски со главна улога во ремито на Лидс со Арсенал (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски беше во главна улога во ремито без голови на неговиот Лидс против Арсенал во 9. коло во англиската Премиер-лига.

Македонскиот репрезентативец по мало кошкање доби удар во лицето од Николас Пепе, по што репрезентативецот на Брегот на слоновата коска доби директен црвен картон. До крајот избраниците на Биелса може да жалат што не освоија три бода, бидејќи дури три пати ја погодуваа рамката на голот. Со овој бод Лидс останува на четирнаесетото место со 13 бода, додека Арсенал е единаесетти со исто толку бодови.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...