Алиоски во изјава на македонски јазик по триумфот над Лестер: Среќен сум што позитивно ја претставувам Македонија во најсилната светска лига! (ВИДЕО)

Лидс стигна до голем триумф на гостувањето кај Лестер од 1-3 во 21. коло во Премиер-лигата. Повторно одличен настап имаше Езгјан Алиоски кој по натпреварот за српскиот „спортклуб“ даде изјава на македонски јазик.

„Физички сме силен тим и можеме со секого да се натрчуваме. Многу важно беше што бевме агресивни во дуел играта и не им дозволивме лесни контри. Добро е Македонија да има играчи во Премиер-лигата. Сега сум само јас, но сигурен дека наскоро ќе ми се придружат многу други фудбалери од Македонија бидејќи има многу талентирани играчи. Премиер-лигата е најдобрата лига во светот и горд сум што ја претставувам Македонија во неа“, изјави Алиоски.

 

Се вчитува...