Ракометарите на Вардар ќе играат во финалето на Купот на Македонија, откако вечерва во второто полуфинале го совладаа составот на Алкалоид до 33-28, и така си закажаа натпревар за пехарот против Охрид во недела во Струмица.
„Црвено-црните“ ја запишаа убедливата победа благодарение на одличната игра во вториот дел од средбата кога блескаа и во нападот, и во одбраната, но и голманот Гогов кој одбрани неколку тешки удари на противниците.
После првото полувреме двата тима имаа свои „пет минути“, па така мечот беше главно израмнет, со тоа што Вардар дојде во финишот до два гола позитива (12-14). Алкалоид добро го поведе мечот и поведе со 5-2, но Вардар брзо се врати, а потоа го презедоа и водството.
Во вториот дел сосема различна слика. Вардар брзо успеа да се одлепи резултатски, а потоа и да го приведе мечот во извесен финиш до победа. Вардар во текот на мечот доби два црвени картони. Во првиот дел црвен картон доби Урош Митровиќ, а во вториот Милан Лазаревски.
Малус постигна девет гола и беше најефикасен на натпреварот. Митев постигна шест голови кај Алкалоид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
