Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас по неколку месечна пауза поради повреда, со победа од 3:0 во сетови над Роман Сафиулин во првото коло на УС Опен, се врати на терените.
Алкарас поради повреда на зглобот ги пропушти гранслем турнирите Ролан Гарос и Вимблдон, но навреме се опорави за да може да ја брани титулата на УС Опен.
„ Не знам како изгледаше од страна, но јас имав впечаток дека нормално го удирав топчето. Зглобот на раката како и рамото беа сосема во ред, но да видиме како ќе ми реагира телото по наредните мечеви. Не знам до каде ќе стигнам, дали до второто коло или до финалето, но се што сакам е да уживам во секој момент на теренот.
За младиот Шпанец, големо изненадување претставува поразот на Новак Ѓоковиќ во првото коло на УС Опен.
„Тоа беше првпат Новак во Њујорк да загуби во првото коло, и да бидам искрен тоа е големо изненадување. Кога некој како Новак ќе испадне во првото коло, тоа секогаш е изненадување. Но, треба да се има на ум дека на гранслем турнирите секогаш е тешко да се победува“, рече Алкарас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
