Алкараз беше на ивица на амбисот, но…

Бранителот на титулата Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на САД, откако го победи Португалецот Хаиме Фарија со 4-6, 6-0, 6-3, 6-2.

Шпанецот стигна до победата над 72-от играч во светот за два часа и 40 минути на стадионот „Артур Еш“, откако мораше да надомести еден сет заостанување.

Ова е втор натпревар на Алкараз на турнирот откако се врати на теренот по четиримесечна пауза поради повреда на зглобот. Во следната рунда ќе се соочи со Кинезот Џибинг Ву.

„Тежок натпревар за мене. Се чувствував одлично во првиот сет, имав брејк-поинт, но не го искористив. После тоа брзав. Не одвоив доволно време, не бев трпелив и тоа ме чинеше брејк“, рече Алкараз и додаде:

„Против играч како Хаиме, кој сервира 225-226 километри на час, е многу тешко. Се обидов да останам смирен и да верувам дека добри работи ќе се случат повторно.“

Се вчитува...