Aлкараз без проблеми против Монфис, елиминација на Ига Швјонтек

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Карлос Алкараз продолжува со одличните партии во Соединетите Американски Држави откако рано утрово се пласираше во осминафиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами.

Тој во 3. коло славеше над Французинот, Гаел Монфис со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4. Во осминафиналето Алкараз за противник ќе го има Италијанецот, Лоренцо Музети кој беше подобар од домашниот тенисер Бен Шелтон.

Шокантна елиминација од турнирот во Мајами доживеа најдобрата тенисерка Ига Швјонтек која во осминафиналето беше поразена од Русинката, Екатерина Александрова со 2-0, по сетови 6-4 и 6-2. Александрова во четвртфиналето за противничка ќе ја има Американката, Џесика Пегула.

Се вчитува...