Алкараз експресно ја мина првата пречка во Мадрид

Актуелниот шампион на АТП мастерс 1000 турнирот во Мадрид, Карлос Алкараз експресно ја помина првата пречка на турнирот во главниот град на Шпанија.

Домашниот тенисер во 2. коло без проблеми славеше против рускиот тенисер со казахстански пасош Александер Шевшченко со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-1. Во следното коло Алкараз за противник ќе го има Бразилецот, Тиаго Сејбот Вајлд кој беше подобар од Италијенецот, Лоренцо Музети.

Во следното коло пласман обезбеди и Полјакот Хуберт Хуркач.

Се вчитува...