Алкараз: Новак навистина ме изненади

Пред настапот на АТП Мастерсот во Мадрид, Карлос Алкараз вели дека бил изненаден од одлуката на Новак Ѓоковиќ да се откаже од настапот во Мадрид.

„Откажувањето во Мајами воопшто не ме изненади, но ова од Мадрид и тоа како. Кога ми го соопштија тоа јас бев во стилот ‘што ли му се случило?’“ – вели Алкараз.

Шпанецот со Новак се сретна на церемонијата на доделување на “Лауреус наградата“ каде Ѓоковиќ повторно беше прогласен за најдобар спортист на светот.

„На Новак му се допадна Луј Витон оделото. Беше така елегантен“ – забележа Алкараз.

Се вчитува...