Алкараз рутински лесно си ја заврши работата против Бразилецот Сејбот

Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на АТП турнирот во Мадрид.

Бранителот на титулата без многу проблеми, по 75 минути игра го победи 63-от светски тенисер, Бразилецот Чијаго Сејбот со 6-3 и 6-3.

Така Алкараз си ја потврди добрата форма на овој турнир, па негов противник во осминафиналето ќе биде Германецот Јан-Ленард Штруф кој беше подобар од Французинот Иго Амбер со 7-5 и 6-4.

Се вчитува...