Алкараз тргна моќно на Ролан Гарос

Карлос Алкараз импресивно го почна настапот на Ролан Гарос, откако шпанскиот тенисер по кратка постапка го доби првиот меч во кој за противник го имаше Американецот Волф, моментно 107. тенисер на АТП-листата. Алкараз во последните месеци имаше проблеми со повредата, но шпанскиот ас денеска делуваше беспрекорно на теренот, декласирајќи го противникот кому му препушти само четири гејма.

Волф израмни на 1-1 на почетокот од првиот сет, по што следеа пет гејма во низа на Алкараз за водствоод 6-1. Во вториот сет Американецот освои само два гејма, за во третиот повторно Алкараз да му препушти само еден гејм на својот ривал, за најава дека шпанскиот ас е подготвен за атак на трофејот во Париз. Противник на Алкараз во второто коло ќе биде подобриот од дуелот меѓу Британецот Дрејпер и квалификантот Де Јонг.

Андреј Рубљов ја мина првата пречка на францускиот гранслем турнир со победата од 3-1 над Јапонецот Даниел, додека Григор Димитров се пласираше во второто коло со триумф од максимални 3-0 во сетови над Ковачевиќ.

На женскиот дел од турнирот, Наоми Осака славеше со 2-1 против Италијанката Бронцети, додека Векиќ обезбеди пласман во следната фаза откако Цуренко го предаде мечот пред крајот на првиот сет.

Се вчитува...