Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Мадрид по тешката победа над Германецот Јан Ленард Штруф.
Алкараз одигра три мачни сета за да на крај слави во тај-брејкот со 7-6 (4). Претходно, Шпанецот првиот сет го доби со 6-3, а вториот го доби Штруф со 6-7 (5).
Во четвртфиналето Алкараз ќе игра против Русинот Андреј Рубљов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА