Алонсо: Нормално дека сум разочаран!

Двојниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, доживеа големо разочарување на првите тестирања пред стартот на новата сезона. На тестовите во Барселона, болидот на Мекларен два пати откажа, а Алонсо на крај имаше претпоследно време по приот ден. По неуспешниот старт веќе е извесно дека Макларен ќе нема конкурентен болид ни за претстојната сезона, а се појавија и шпекулации дека Алонсо веќе сериозно размислува за промена на тимот.

„Разочаран сум, да. Три месеци работиш на физичката подготовка, а потоа седнуваш зад воланот и болидот се расипува после еден круг!“, изјави Фернандо Алонсо, видно незадоволен откако на првиот тест му истече масло на моторотот на Хонда со кој е опремен болидот на Мекларен.

Подоцна Шпанецот успеа да извози дваесет круга, но во ниеден не постигна доволна брзина и на крај имаше претпоследно време на првиот ден од тестирањата на патеката во Барселона.

Фернандо Алонсо има договор со Мекларен до крајот на сезоната. Тој неодамна откри дека имал разговори со Мерцедес, но, за евентуална промена на тимот ќе размислува на крајот од сезоната. Како што се одвиваат работите во британскиот тим, се поизвесно е дека Шпанецот нема да остане во Мекларен.

Се вчитува...