Алпско и Скопје Сити Мол те носат на кампот на „кралевите “

Светски фудбал, шпански тренери, кралско искуство. Од 14 до 18 јануари фондацијата на најтрофејниот клуб на планетава, Реал Мадрид организира камп во Охрид во хотелскиот компекс „Аквалина“. На еден месец пред почетокот на вториот камп на мадридистите, Алпско млеко и Скопје Сити Мол подаруваат ваучери за учество на три деца кои преку своите вештини со фудбалската топка ќе се „борат” за победа во својата група, победа која ќе ги направи учесници на кампот кој се организира во 50 земји на планетава, прогласен за најдобар фудбалски камп и камп со најголема репутација во светот.

Можат да се пријавуваат децата од 7 до 17 години (45 деца по 15 во секоја категорија) кои ќе бидат поделени во три групи според возраста, а само првите во групите ќе станат добитници на ваучери кои им обезбедуваат место во кампот на фондацијата на Реал Мадрид, кој според своите успеси се наоѓа на највисокото место на светскиот фудбалски пиедестал. Пријавувањето е во тек на официјалната страна на фејсбук Real Madrid Campus Experience Macedoniа, а бројот на пријавувањата е ограничен. Штом истиот се потполни се затвора списокот на учесници на натпреварот.

Настанот е замислен како голема забава на која покрај ваучерите кои ги обезбедија Алпско Млеко и Скопје Сити Мол ќе има изненадувања и за децата кои ќе бидат блиску до победниците.

Настанот „Алпско и Скопје Сити Мол“ те носат на кампот на „кралевите“ ќе се одржи на третиот кат во Скопје Сити мол, на ден 14.12.2018 (петок) во 18 часот. Точната локација е корнерот за храна.

Сите информации можете да ги видите на официјалната страна на фејсбук на Real Madrid Campus Experience Macedoniа како и правилата за учество на овој настан.

Паралелно течат подготовките за кампот на „Фондацијата Реал Мадрид која е производ на клубот и се грижи да ги промовира социјалните и општествените вредности. Таа е организатор во соработка со македонската компанија „Спорт Арена“, која е лиценциран партнер на овој проект. Привилегија е за Македонија да биде домаќин на овој интернационален камп.

Комерцијален текст

Се вчитува...