Алтипармаковски една година во Струга ТЛ

Подготвувајќи се за новата сезона, Струга Трим Лум потпиша едногодишен договор со офанзивецот Марјан Алтипармаковски.

28-годишниот Алтипармаковски е повеќе од сериозни засилување за стружани. Доаѓа од редовите на бугарски Пирин каде настапуваше минатата сезона, а претходно во својата кариера има настап и за домашните Пелистер и Работнички. На интернационалната сцена има настапи и за албанскиот Лачи, Сараево во БиХ, Судува во Литванија, како и грчките Ксанти и Панилиакос.

Претходно Струга ТЛ се засили и со дефанзивците Јасмин Мециновиќ и Александар Ристевски, како и со фудбалерот од средниот ред Бесир Рамадани.

Се вчитува...