Прв полуфиналист на овогодинешниот Мундијал е селекцијата на Франција, која во четвртфиналниот меч во Бостон, ја совлада селекцијата на Мароко со 2-0, и така стана првата репрезентација која се пласираше меѓу најдобрите четири селекции.
Французите доминираа од почетокот до крајот на мечот, а можеа да го решат мечот и по првиот дел, откако имаа промашен пенал и уште најмалку три добри прилики. Мбапе изведе пенал, но Боно одбрани и ги остави Мароканците во игра.
Меѓутоа во вториот дел Франција и натаму трпеливо ја чекаше својата шанса, за Мбапе во 60. минута со прекрасен гол го отвори резултатот. Напаѓачот од место од дваесетина метри шутираше прецизно во десниот агол од голот на мароканскиот голман.
Само шест минути подоцна нов „мат“ за Мароканците во режија на Дембеле, кој погоди за 2-0.
Unreal goal by Dembele pic.twitter.com/pTLWC1usyI https://t.co/RkcdULmALJ
— 𝐄𝐑 (@ErlingRoIe) July 9, 2026
Требаше Мароканците да примат два гола, за да заиграат, па имаа шанса да намалат и да донесат драма во финишот, но не успеаја во тоа. Така Франција слави триумф, и ќе го чека во полуфиналето подобриот од мечот Шпанија – Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
