Алтипармаковски почна да стрела за Струга ТЛ, за триумф против Охрид (ФОТО)

Фудбалерите на Струга Трим Лум со победа против Охрид од 2-0 на последниот пријателски натпревар ќе го очекуваат стартот на новата сезона во Првата лига.

Избраниците на Срѓан Захариевски беа подобри на теренот во првото полувреме против охриѓани на дуелот кој се играше на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Победата ја обезбедија уште во првите 45 минути со головите на Лена од пенал и засилувањето Марјан Алтипармаковски.

Се вчитува...