За бурниот месец август меѓу Атлетико Мадрид и Хулијан Алварез може да се сними и филм, а сагата продолжи денеска со нова епизода.
Аргентинскиот голгетер веќе трет ден во низа не тренираше, но откако во претходни едва се жалеше на болест, Алварез денеска се појави во тренинг-комплексот, со лекарска дијагноза – депресија. Хулијан донел документ од мадридски доктор кој поврдува дека Аргентинецот се соочува со депресија, поради што воопшто не е во состојба да тренира активно во овој период.
Атлетико Мадрид и Арсенал имаат договор, но голгетерот со односот во последните 48 часа уште еднаш јасно стави до знаење дека не планира враќање назад во Премиер-лигата.
Тренерот Симеоне денеска на прес-конференција изјави дека со раширени раце би го примил Хулијан назад во тимот доколку страстите се смират, но се чини дека Алварез не е подготвен ниту за оваа опција, по „масакрот“ пред навивачите на Атлетико од кои беше жестоко исвиркан по завршувањето на домашниот меч со Вилјареал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
