Групацијата Триглав оценета како финансиски многу солидна и со одлични оперативни перформанси
Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, во рамките на редовната годишна ревизија на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, ги потврди кредитниот рејтинг на финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочната оценка за кредитна способност на издавач „а“ (одлично). Кредитните рејтинзи на двете компании имаат стабилна среднорочна прогноза, што ги одразува очекувањата на агенцијата дека Групацијата Триглав ќе ги задржи одличните оперативни перформанси на среднорочен план, солидната финансиска позиција и својата доминантна позиција на пазарот во Словенија и во поширокиот регион.
Агенцијата AM Best ги оцени сите поединечни елементи на целокупниот кредитен рејтинг како високи како и претходната година и ги поткрепи на сличен начин.
Финансиската позиција на Групацијата Триглав е оценета како многу солидна, а нејзините оперативни перформанси како одлични, влијанието врз кредитниот рејтинг и од деловниот профил и од мнозинските акционери како неутрално, а управувањето со ризици на компанијата како соодветно, со оглед на обемот на работење, како и избраниот профил на ризик на Групацијата. Потврдувајќи го високиот кредитен рејтинг на Позаваровалница Триглав Ре, агенцијата AM Best ја истакна нејзината стратешка важност за Групацијата Триглав, нагласувајќи колку е добро интегрирана во Групацијата.
Проценката за солидната финансиска состојба се темели на капитализацијата на Групацијата, која, прилагодена според ризикот, е на највисоко ниво. Групацијата Триглав внимателно управува со резервациите и има добра финансиска флексибилност со пристап до пазарите на акции и обврзници. Покрај тоа, во своето портфолио за животно осигурување, Групацијата постојано ја намалува својата изложеност на производи со загарантиран поврат во последниве години.
Според AM Best, Групацијата ефикасно ги користи придобивките на економиите на обем во своето работење, кои произлегуваат од нејзината водечка позиција во регионот и во Словенија.
Одличното оперативно работење на Групацијата произлегува од одличниот осигурително – технички резултат од неживотни осигурувања на домашниот пазар и од здравиот приход од инвестиции во овој сегмент. Покрај тоа, на другите пазари, Групацијата го зголемува својот обем и го подобрува своето работење, користејќи дополнителни продажни канали. Агенцијата проценува дека Групацијата има разнообразно портфолио и во поглед на понуда на производи и услуги, но и од географски аспект.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА