Аматеризам на ниво: Кансело беше подготвен да излезе на презентација, но од Барса не го пуштија бидејќи уште не е официјализиран (ВИДЕО)

На традиционалниот „Жоан Гампер трофеј“, каде каталонсиот тим игра против Ал Ахлиа беа презентирани новите фудбалери на Барселона пред навивачите, но се случи еден аматерски пропуст.

Жоао Кансело беше облечен во дрес и подготвен спикерот да го каже неговото име и тој да излезе на теренот. Но, тогаш му кажаа дека тој нема да биде презентиран бидејќи уште официјално и не е потпишан.

Кансело лут се врати во соблекувалната додека другите играчи на Барса го гледаа.

Се вчитува...