Амедовски доби нова шанса, Македонецот се враќа во УФЦ

Ален Амедовски (34) добива уште една шанса да се врати и дда го покаже својот квалитет на рингот во УФЦ.

Македонскиот борец досега не успеаваше да ги искаже своите квалитети, па затоа беше пред исклучување од најголемата светска ММА организација.

Борецот со потекло од Дебар, својот деби насстап во УФЦ го имаше во 2019 година, но на сите три дуели забележа исто толку порази.

Сега тој ќе добие уште една шанса, а овојпат против дебитантот во УФЦ, Џо Пајфер. Борбата меѓу Амедовски и Пајфер е закажана за 17 септември на УФЦ Фајт најт 210.

Се вчитува...