Дефинитивно: Баерн без Де Лихт против Реал Мадрид

Баерн Минхен ќе биде значително ослабен за вечерашниот прв дуел со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на Шампионите откако Матијс де Лихт отпадна од комбинација за настап против „кралевите“.

Холандскиот интернационалец го повреди коленото пред десетина дена, го пропушти последниот лигашки дуел со Ајнтрахт, но откако утрово не го мина последниот тест баварскиот гигант објави дека тој нема да се најде ниту на клупата за резерви вечерва на „Алијанц Арена“. Ерик Дајер е стандарден во првиот тим на Баерн во последните месеци, а друштво на англискиот интернационалец ќе му прави Кореецот Ким, ако се знае дека и Упамекано исто така не е максимално подготвен за настап по повредата.

Лирој Сане ги надмина проблемите со својата повреда и ќе може да настапи од првата минута, исто како и Мусиала, кој не настапи на последниот дуел со Ајнтрахт. Серж Гнабри вчера тренираше со екипата и се очекува крилниот офанзивец да влезе во игра во второто полувреме од вечерашното полуфинале.

Се вчитува...