Атанасов: Можевме и подобро да минеме, без бело знаме во Суботица

Тренерот Васко Атанасов не го криеше разочарувањето што МЗТ Скопје не успеа да стигне до позитивен резултат на првиот полуфинален меч од АБА2 лигата против Спартак Суботица.

Македонскиот првак се врати од двоцифрена негатива, дури и имаше четири поени предност пред крајот на третата четвртина, но падот во последните десет минути придонесе гостите од Србија да стигнат до пет поени предност пред реваншот што следната сабота ќе се игра во Суботица.

„Ова беше тврд натпревар во кој противникот се снајде подобро. Мислам дека можевме и подобро да минеме, особено поради добрата игра во второто полувреме. Негативата не е голема, во Суботица сигурно нема да одиме со бело знаме. Ќе се подготвуваме максимално и се надевам дека со нешто подобар офанзивен дел ќе можеме да го надополниме пропуштеното од Скопје“, изјави Васко Атанасов.

Се вчитува...