Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува со формирањето на ростерот за претстојната сезона, а најново засилување е американскиот крилен центар Даниел Хенкинс-Санфорд.
Хенкинс-Санфорд е висок 203 сантиметри и зад себе има НЦАА-искуство од Јужна Каролина и Универзитетот Масачусетс Амхерст. Во сезоната 2025/26 настапи на 30 натпревари, сите како стартер, со просек од 11,3 поени и 7,1 скок по натпревар.
Со неговиот ангажман, штипскиот тим добива дополнителна сила под обрачите и продолжува да го комплетира составот за сезоната во Суперлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
