Американецот Келеб Дресел со два светски рекорди во еден ден

Американецот Келеб Дресел во моментов е прва ѕвезда во светското пливање. Тој денеска  успеа да урне дури два светски рекорда, постигнување што ретко на кој му успеало. Дресел на Интернационалната пливачка лига во Будимпешта, прво беше најбрз на трката на 100 метри пеперутка во 25 метарски базен, oткако успеа делницата да ја преплива за 47.78 што беше за 30 стотинки побрзо од досегашниот рекорд на Јужноафриканецот Чад ле Клос.

Само половина час подоцна тој го урна и сопствениот рекорд на 50 метри слободно успевајќи да постави време од 20.16 или осум стотинки подобро од досегашното најдобро време.

Се вчитува...