Американецот Вилер е нов центар на Пелистер

Поранешниот вицешампион Пелистер го заокружи ростерот за наредната сеззона откако битолчани денеска официјализираа уште еден трансфер.

Центарската позиција е дополнително засилена со Рузвелт Вилер, американски кошаркар кој доаѓа од шампионатот на Швајцарија и треба да биде значаен адут на тренерот Тане Спасев во претстојната сезона.

„Ни претставува задоволство да најавиме исполнување на уште една клупска цел ова лето. КК Пелистер е посилен за уште еден американски кошаркар со одлична репутација на пазарот. Рузвелт Вилер доаѓа во Битола како етаблиран кошаркар, кој минатата сезона го носеше дресот на швајцарските клубови Женева и Масањо. Се работи за 23-годишен центар, висок 211 сантиметри, доминантен со својата појава и квалитет. Започна да напредува на колеџот Луизвил, па се пресели во Ист Тенеси. Покрај искуството во Швајцарија, Рузвелт има титула и во шампионатот на Чиле со екипата на Кулпе.

По неговото доаѓање во Битола ќе се приклучи кон екипата и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев“, објави КК Пелистер.

Се вчитува...