Рубен Аморим ја објаснува својата реакција по поразот од Гримсби. Менаџерот на Манчестер Јунајтед ги критикуваше своите играчи по поразот од клуб од четвртата лига во Англискиот Лига Куп.
Тој рече дека после поразот и елиминацијата од нисколигашот, бил многу разочаран од играчите.
„Ќе се однесувам вака секој пат кога ќе изгубиме на овој начин. Понекогаш ги мразам моите играчи, понекогаш ги сакам, понекогаш сакам да ги заштитам. Ова е мојот стил на однесување. Има многу искусни луѓе кои зборуваат за тоа како треба да се однесувам со медиумите, да бидам посмирен. Ќе бидам тоа што сум затоа што сум толку страствен за мојата работа. Во тој момент бев разочаран. Имавме добри натпревари пред почетокот на сезонта и игравме подобро. Но, еден таков натпревар навистина ме разочара. Понекогаш сакам да си заминам, понекогаш сакам да останам тука 20 години, понекогаш сакам да бидам со моите играчи, понекогаш не. Факт е дека треба да се подобрам“, рече менаџерот на Манчестер Јунајтед
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

