Аморим: Знам што ми е работа, не може да се сменат 22 фудбалери

Рубен Аморим ги нападна фудбалерите на Манчестер јунајтед по срамното издание и елиминација од лига-купот на Англија од четвртолигашот Гримзби.

Притисокот врз Португалецот и опасноста од отказ се се поголеми, но тој јасно стави до знаење дека играчите се главни виновници за синоќешното фијаско.

„Можам само да им се извинам на навивачите за ова нашие издание. Кога правиме се за да се кренеме, да играме добро и да победуваме – да одиграте еден ваков натпревар против ривал од четвртата лига, тоа е неверојатно. Навивачите заслужуваат извинување, а мислам дека играчите со она што го покажаа на терен испратија јасна порака. Јас знам што ми е работа, свесен сум дека нешто мора да се менува. А не може повторно да промените 22 фудбалери. Играчите со својата игра јасно покажаа што сакаат, но ќе сторам се за да го надминеме ова“, изјави разочаран Аморим.

Останува да се види реакцијата на управата на „црвените ѓаволи“, која ќе треба да ја донесе конечната одлука за иднината на португалскиот стратег.

Се вчитува...