АМС ги објави критериумите: Нема државна помош за спортистите со над 39.900 денари плата

Агенцијата за млади и спорт денеска ја објави целокупната програма за аплицирање и добивање на државна помош за спортистите и спортските работници. Воедно, наведено е дека оваа мерка не се однесува на спортисти кои земаат плата повисока од 39.900 денари месечно.

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 04.04.2020 година донесе уредба за финансиска поддршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортската администрација за време на вонредна состојба.. Финансиската поддршка ќе ја реализира Агенцијата за млади и спорт, а комплетната уредба и сите потребни барања и изјави ги објавуваме во прилог:

УРЕДБА

УПАТСТВО

БАРАЊЕ

ИЗЈАВА

Притоа, во упатството е наведено дека право на финансиска поддршка имаат спортисти кои спортските активности ги вршат професионално, имаат склучено договор со спортски клуб и се впишано во регистерот на спортисти што настапуваат во систем на натпревари што го води национална спортска федерација. Воедно, наведени се и условите што треба да ги задоволуваат стручните лица и членовите на спортската администрација, за добивање на плата од 14.500 денари за месеците април и мај.

 

Се вчитува...