АМС со благодарници за Пандев и за Ангеловски

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев и селекторот на националниот тим, Игор Ангеловски, денеска добија специјални благодарници од Агенцијата за Млади и Спорт за пласманот на „црвено-жолтите“ на ЕВРО 2020.

Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, на специјален прием во просториите на агенцијата им ги додели блгодарниците на Пандев и на Ангеловски.

„Денеска во Агенција за млади и спорт имав чест да ми бидат гости две легенди! Капитенот на фудбалската репрезентација Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски… Уште еднаш им честитав на историскиот пласман на европското првенство, но сите настапи низ годините и за големите  успеси. EURO2020 е голем успех за македонската репрезентација.

Пандев ни откри дека и покрај големите остварувања во неговата долгогодишна фудбалска кариера, за него настапот на европско првенство со македонската репрезентација е моментот кој го чекал сите овие години. Селекторот Ангеловски ја имаше таа огромна чест да биде прв селектор-предводник на репрезентација која  настапува на едно големо натпреварување како што е европското првенство. Нашите репрезентативци докажаа дека сплотеноста на тимот е предуслов за успех.

Од мое лично име и од име на АМС им заблагодарив и им доделив благодарници за досегашните успеси и за сите позитивни емоции кои ги предизвикаа кај сите нас“, објави Мојсовски на официјалната фејсбук страница на АМС.

Се вчитува...