АМС утре ги прогласува најдобрите за 2020: Година во знакот на фудбалот

Агенцијата за млади и спорт утре од 20:15 часот во А1 арената во Скопје ќе ги прогласи најдобрите македонски спортисти за изминатата 2020 година.

АМС претходно ги објави номинациите за кои гласаа спортските федерации и домашните медиуми, па сосема јасно е дека 2020 ќе биде година на фудбалот. Се очекува признанието за најдобар македонски спортист на годината да го понесе капитенот на фудбалската репрезентација Горан Пандев, селекторот Игор Ангеловски, пак, да го добие признанието за најдобар тренер а наградени како најдобри да бидат и македонската фудбалска репрезентација и ФФМ.

Поради пандемијата на коронавирусот и неопходното почитување на протоколите за организација на настани од јавен тип, во А1 арената ќе биде ограничено присуство на само 100 лица. Но, изборот на најдобрите за 2020 година во живот ќе биде пренесуван на првиот канал на Македонската радио телевизија.

Се вчитува...