Анализа: За Шкендија нема пенал, две спорни ситуации за Брегалница, Вардар доби подарок пенал со Тетекс (ВИДЕО)

Судиската комисија при ФФМ разгледувајќи ги спорните моменти од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига и 23. коло од второлигашките конкуренции, генерално со заклучок дека судиите во речиси 90% од случаите со исправни одлуки на одиграните натпревари.

Најинтересните моменти кои се разгледувани се од дуелот во Штип меѓу Брегалница и Шкендија, но и второлигашката пресметка меѓу Вардар и Тетекс од каде и единствената разгледувана погрешна судиска одлука.

„Од натпреварот во Штип анализирана е ситуацијата од 79. минута, кога играч од нападот на Шкендија беше во шеснаесетникот на Брегалница и центрираше, при центаршутот топката го удри во пределот на стомакот одбранбениот играч на Брегалница кој беше на едно метро од играчот на Шкендија и излезе во корнер. Одлична соработка помеѓу судијата и првиот асистент, нема игра со рака и исправно досуден корнер“ – информираат од Судиската комисија.

Меѓутоа на самиот натпревар и две спорни ситуации за штипјани , кои останаа неанализирани од судиската комисија. На почетокот од средбата Додев се најде осамен пред голот на гостите во 100% шанса за погодок, беше соборен, штипјани реагираа но според главниот судија не само што немаше црвен картон, но зачудувачки не досуди ниту прекршок за „сините“. Во второто полувреме, пак, имаше и прекршок над Георгиев во гостинскиот шеснаесетник, но повторно без било каква судиска реакција.

Од анализираните ситуации во второлигашката конкуренција, пак, единствено погрешна проценка е досудениот пенал за Вардар на натпреварот против Тетекс во Втората лига – Запад.

„Играч од нападот на Вардар е во посед на топка малку странично од голот на Тетекс,  доаѓа до минимален контакт со одбранбениот играч на Тетекс без интензитет, кој напаѓачот го искористува и преувеличува. Погрешна одлука на судијата што досуди удар од 11 метри“ – велат од Судиската комисија при ФФМ.

Се вчитува...