Анчелоти го бара од Перез напаѓачот на Интер

Заминувањето на Карим Бензема остави голема „дупка“ во нападот на Реал Мадрид. Токму од тука „кралевите“ во овој преоден рок ќе бараат ангажман на напаѓач како негова замена. Засега се шпекулира со многу имиња, а најмногу со напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Сепак, за Кејн засега приоритет е останување во Премиерлигата, и веројатно ќе потпише за Манчестер Јунајтед, па така Реал Мадрид мора да бара друго решение до 2024 година кога веројатно Килијан Мбапе како слободен играч би дошол во најтрофејниот тим во Лигата на шампионите.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Карло Анчелоти веќе го „пикирал“ играчот на Интер, Лаутаро Мартинез за нападот на „кралевите“. Анчелоти побарал од Перез да почне преговори со Лаутаро и да го донесе на „Бернабе“.

Мартинез има уште три години договор со Интер, а неговата вредност во моментов се проценува на 85 милиони евра.

Се вчитува...