Анчелоти: Куртоа беше фантастичен

Карло Анчелоти стигна до четири шампионски титули во Лигата на шампионите. Тој денеска со Реал Мадрид вторпат ја освои титулата после 2014 година. Иако дојде на мала врата, односно се врати на местото на Зинедин Зидан, на крајот Италијанецот врати со големиот трофеј, а ја освои и Ла Лига.

После натпреварот истакна задоволство од победата и од новиот пехар во ЛШ.

„Уште не можам да верувам дека ова ми е четврти шампионски пехар. Тимот беше одличен. Среќен сум поради тоа ја завршивме сезоната одлично. Алаба, Милитао, Менди и Карвахал беа многу добри. Но пред се Куртоа беше фантастичен“, рече Анчелоти.

Се вчитува...