Анчелоти: Модриќ е магионичар, Бензема вистински шампион!

Реал Мадрид со крајни маки успеа да слави пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, иако загуби од Челси (2-3). На дуелот на „Сантијаго Бернабеу“, домаќинот беше пред елиминација откако дозволи да прими три гола. Сепак, по мајсторска асистенција на Модриќ, екстра-време избори Родгиго.

Во продолженијата Карим Бензема беше човекот на одлука, водејќи ги „кралевите“ до големото полуфинале.

Анчелоти така стигна до своето осмо полуфинале во Лигата на шампионите, но тоа не е се. Тој е единствениот тренер во историјата кој во четири различни децении успеал да стигне во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Знаев дека можеме далеку. Не заслуживме ни пораз од два гола. Многу страдавме, но по тој втор гол на Бензема станавме и го покажавме силниот карактер. Карим е шампион, но истото можам да го кажам и за други мои играчи. Модриќ беше извонреден, тој е магионичар, а асистенцијата беше особено феноменална“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...