Анчелоти: Немам дилеми дека Бензема ќе остане во Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е убеден дека напаѓачот Карим Бензема ќе остане во Реал Мадрид најмалку уште една сезона.

Иако Французинот е поврзуван со трансфер во Ал Итихад во Саудиска Арабија, сепак, најверојатно ќе остане во Мадрид, откако и тој самиот најави дека „на интернет не е вистината“.

„Во право е Бензема кога го вели тоа. Не сум многу по технологијата, но реалноста е таква. Она што можам да го кажам е дека Бензема треба да ја заврши кариерата во Реал Мадрид. Но, играчите можеби имаат други намери. Тоа е мое мислење, и верувам мислење на навивачите. Тој е подготвен да игра утре, и има договор уште една година. Немам дилеми дека ќе остане дел од овој клуб“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...