Анчелоти се одважи: Го прифаќа предизвикот – Арсенал!?

Поранешниот стратег на Милан, Челси, Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ, Карло Анчелоти е подготвен да се впушти во коштец и со англискиот фудбал.

Како што пренесуваат англиските медиуми, еден од најголемите тренери на сите времиња наводно и дефинитивно го прифатил предизвикот од јуни да го преземе кормилото на лондонски Арсенал. Според пишувањата, Италијанецот посакувал „луда мисија“, а Арсенал е токму една таква приказна.

Анчелоти последен пат работеше во Баерн, а во изминатиов период поради желбата за клупски предизвик одби да застане на кормилото на италијанската репрезентација.

Во моментов интерес за Анчелоти пројавуваат голем број европски клубови, меѓу кои и Милан. Но, Англија е сепак посебен предизвик.

Се вчитува...