Андонова и Леванте заедно и во следните две години

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова и во следните две сезони ќе го носи дресот на Леванте откако денеска шпанскиот клуб го официјализираше продолжувањето на договорот. Андонова е дел од Левнате од 2019 година каде пристигна од редовите на Барселона, а со добрите настапи осигура нов договор.

Пред да се пресели во Шпанија, претходно настапуваше за ПСЖ, шведски Росенгард и германски Турбине Потсдам. Во Македонија ги бранеше боите на Тиквешанка и Борец Велес.

Се вчитува...