Андонова и Рочи за триумф над Летонија, за да се избегне последното место во квалификациите

Македонската женска репрезентација ја запиша и втората победа во квалификациите за Светското првенство, триумфирајќи со 3-2 против Летонија во 9. коло од Групата Д.

Македонија победата ја најави уште во првото полувреме со погодоци на најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова во 13. минута, по асистенција на Андреевска, и во 17. минута од пенал. Претходно Летонките поведоа уште во 5. минута со голот на Рочане.

Во второто полувреме Рочи, на асистенција на Андонова, во 72. минута зголеми на 3-1, а Летонија со голот на Шевцова во 79. минута единствено успеа да го ублажи поразот.

Ова е втора победа за Македонија во квалификациите колку да се избегне последната позиција на табелата, каде се наоѓаат токму Летонките.

Се вчитува...