Андонова како Шаќири, евро-гол директно од корнер (видео)

Барселона славеше рутински на гостувањето против Валенсија со 1-4, меч што сигурно долго ќе го памети Наташа Андонова, која постигна феноменален погодок директно од корнер за водство на каталонскиот гигант од 0-4.

Во стилот на Артим Шаќири и неговото ремек-дело во Саутемптон против Англија, Андонова директно од аголот ја смести топката под гредата, изненадувајќи ја домашната голманка со најубавиот погодок во женскиот шпански фудбалски шампионат сезонава.

Уживајте во ремек-делото на Македонката….

Се вчитува...