Андонова со евро-гол дебитираше за Барселона… (ВИДЕО)

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова на најдобар можен начин го реализираше дебито во дресот на шпанскиот гигант Барселона.

Андонова настапи на дуелот против Еспортиво на кој Барса славеше со повеќе од убедливи 17-0. Македонската фудбалерка беше стрелец на еден од головите, постигнувајќи вистински евро-гол со шут од далечина.

Се вчитува...