Андонова со убав погодок го сруши Реал Сосиедад во шпанската Примера

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова е најзаслужната за денешниот триумф на Леванте од 1-0 против Реал Сосиедад во шпанската Примера.

Андонова го постигна единствениот погодок на натпреварот носејќи повеќе од важна победа за својот тим.

Македонската фудбалерка во 60. минута постигна убав погодок за три бода на Леванте, против второпласираниот тим на табеата.

Ова за Андонова е трет гол сезонава во шампионатот во кој досега има и две асистенции. Леванте во моментов со 29 бода е на 7. место на табелата.

Се вчитува...