Андонова: Треба да бидеме горди на овој триумф, имаме одлична атмосфера во тимот

Женската фудбалска репрезентација на Македонија оствари убедлива победа против Казахстан (4-1), прва за селекцијата по пауза од цели шест години. Наташа Андонова беше стрелец на два гола, а по триумфот не го криеше задоволството од прикажаната игра и од резултатот.

„Фантастично! Чувството после ваков триумф навистина е прекрасно. Одигравме одличен натпревар и треба да бидеме горди. Честитки за сите во тимот, имаме одлична атмосфера и се надевам дека ќе продолжиме да градиме заедништво кое ќе не носи до позитивни резултати”, изјави капитенот на женскиот национален тим, Наташа Андонова.

На 5.октомври најдобрите македонски фудбалерки ќе ја пречекаат селекцијата на Србија во следниот квалификациски дуел од овој циклус.

Се вчитува...