Андреа Лекиќ го пропушта дуелот со Македонија

Андреа Лекиќ нема да биде во составот на репрезентацијата на Србија за дуелот против Македонија на крајот од квалификациите за ЕП 2018 во Франција. Ракометарката на Вардар која од следната сезона се сели во ЧСМ Букурешт, ќе ги пропушти последните два дуели од овој квалификациски циклус, на 30 јуни против Фарски Острови во гости и 3 јуни против Македонија во Ниш. Репрезентацијата на Србија, по првите четири натпревари е на првата позиција во групата со шест бода колку што има и Шведска.

Македонија е на третото место со четири бода и се уште со теоретски шанси за пласман на ЕП 2018, а Фарски Острови се последни без освоен бод.

Пласман на ЕП 2018 во Франција обезбедуваат првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана.

Состав на женската репрезентација на Србија за последните два натпревари од квалификациите за ЕП:

Голмани: Катарина Томашевиќ, Марија Чолиќ, Марина Пантиќ

Леви крила: Сања Радосављевиќ, Дијана Радојевиќ

Пикери: Драгана Цвијиќ, Слаѓана Поп-Лазиќ

Десни крила: Катарина Крпеж-Шлезак, Жељка Николиќ

Бекови: Јована Стоиљковиќ, Марија Обрадовиќ, Катарина Стошиќ, Тамара радојевиќ, Јелена Лавко, Јелена Трифуновиќ, Марина Дмитровиќ, Дијана Штевин

Се вчитува...