Поранешниот италијански фудбалер Андреа Пирло ќе се врати во Јувентус, но овојпат како тренер. Тој ќе го преземе тимот до 23 години на „старата дама“. Асистент ќе му биде поранешниот соиграч Роберто Баронио.
Екипата на Јувентус до 23 години настапува во Серија Ц, која е трета по ранг во италијанскиот фудбал. Пирло фудбалската кариера ја почна во Бреша, а играше и за Интер, Реџина, Милан, Јувентус и Њујорк Сити.
Со репрезентацијата на Италија го освои Светското првенство во 2006 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА