Андреј Кировски пренесен во болница поради изместено рамо

Само што почна денешниот натпревар, некаде во 5. минута, голем хендикеп за Работнички откако се повреди стоперот Андреј Кировски. Кировски мораше да го напушти теренот две минути подоцна, и покрај укажаната лекарска помош. Се пожали на болки во рамото, по што побара и измена.

Сепак, поради дополнителни прегледи, Кировски беше пренесен на скопската клиника „Мајка Тереза“ за да се види каква е ситуацијата со неговото изместено рамо.

На местото на Кировски, кој е стандарден оваа пролет во редовите на Работнички, влезе Ѓорѓевиќ. Работнички имаше водство на полувремето од 1-0 со голот на Максимов.

Се вчитува...