Ангелов вклучен во инцидент во Романија: Физички нападнат од аргентински фудбалер по брутален старт (ФОТО)

Македонскиот офанзивец Виктор Ангелов не го дочека крајот на денешниот натпревар на Волунтари на гостувањето против Поли Јаши во романскиот шампионат.

Ангелов во 62. минута од средбата доби директен црвен картон по еден повеќе случаен но брутален старт врз противничкиот фудбалер, Аргентинецот Хуан Пабло Пасаљиа. Ангелов се лизна непосакувано со подигнат ѓон стартувајќи врз Пасаљиа.

Аргентинецот, пак, се одлучи правдата да ја земе во свои раце физички напаѓајќи со неколку удари македонскиот фудбалер.

На крајот Ангелов заработи исклучување за стартот, а Пасаљиа исто така доби директен црвен картон за физичкиот напад на Македонецот.

На крајот, Волунтари славеше со 0-2 со головите на Бугаринот Иванов.

Се вчитува...