Ангеловски доби плакета од полицијата за учеството на ЕВРО 2020

Игор Ангеловски доби плакета за заслуги од првиот човек на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски. Полицијата му оддаде чест на селекторот кој ја водеше Македонија на првото историско големо натпреварување.

Сашо Тасевски му предаде плакета на предводникот на фудбалскиот национален тим за партнерството и успешна реализација на целите од заеднички интерес на БЈБ и Фудбалската федерација на Македонија.

Македонија првиот настап на Европските првенства го заврши со три порази од Австрија, Украина и Холандија.

Се вчитува...