Ангеловски ќе може да смета на 26 фудбалери на ЕВРО 2022

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски ќе може да смета на 26 фудбалери на претстојното Европско првенство, одлучи УЕФА. Денеска на состанокот во европската куќа на фудбалот беше донесена одлука поради пандемијата од коронавирусот место по 23 фудбалери секоја селекција учесник на ЕВРО 2020 да има право да пријави 26 фудбалери.

Останува 23 да биде бројот на фудбалери кои ќе бидат пријавени на официјалниот список, но сега селекторите ќе имаат право да додадат и три замени. Сепак, доколку играч од оригиналниот список биде заменет со еден од дополнително повиканите фудбалери, тој нема да може повторно да заигра на континенталниот собир.

Списокот на патниците на ЕВРО 2020 селекторите на националните тимови ќе мора до УЕФА да го достават најдоцна до 1. јуни.

Се вчитува...