Ангеловски после Европското првенство на клупата на Џенова!?

Македонскиот селектор Игор Ангеловски по крајот на Европското првенство би можел да ја преземе клупата на Џенова, пренесува италијанскиот новинар од „Газета дело спорт“, Алфредо Педула.

Педеула, преку својот личен блог, навестува дека една од идеите на претседателот на Џенова, Енрико Прециози е на тренерската позиција за новата сезона да го донесе тренерот со кој Македонија го избори пласманот на првото сениорско учество на европски шампионат.

Секако, сериозна препорака за ангажман на Ангеловски доаѓа и од капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, кој како што пренесува Педула, во еден таков случај би ја продолжил кариерата за уште една сезона и покрај првичните размислувања за пензија по завршувањето на ЕВРО 2020.

Договорот на Ангеловски со Фудбалската федерација на Македонија му завршува со крајот на Европското првенство.

Се вчитува...