Ангеловски: Само победа е позитивен исход за нас овде во Вадуз

ЕКИПА во Вадуз, Лихтенштајн

Никола Ѓуровски

Македонската фудбалска репрезентација дојде во Вадуз да победи. Само триумф е позитивен исход за нас против Лихтенштајн, порача селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата во пресрет на мечот. Атмосферата во националниот тим е на високо ниво, мотивите се максимални – со една цел, да се оствари победа и да се освојат три бода.

„Дојдовме во Вадуз да победиме. Ако функционираме како тим, како што впрочем и функциониравме во изминатите неколку натпревари, очекувам да го победиме Лихтенштајн. Нема лесен дуел во квалификациите за СП, го респектираме противникот, но и веруваме во своите квалитети и се надевам дека овде во Вадуз ќе ја славиме првата победа во овој циклус. Момците играа одлично и на претходните мечеви, бевме блиску до позитивни резултати, но ни бегаа во последните мигови. Мислам дека утре ќе бидеме наградени за тоа со сигурен триумф и први три бода“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот меч.

Се вчитува...